Европската комисија реагираше на скандалозниот „Шутар закон“ усвоен во Словенија, предупредувајќи дека мерките не смее да ги третираат Ромите како „безбедносна закана“. Законот, донесен по убиството на локалниот угостител Алеш Шутар, предвидува проширени полициски овластувања во таканаречените „безбедносно-ризични области“ – кои критичарите ги поврзуваат со ромските населби.
Ромската фондација за Европа оцени дека законот создава преседан и ги става цели заедници под колективна сомнителност, што според нив, ја подгрева тензијата и го зголемува ризикот од дискриминација. Потпретседателот на фондацијата, Менсур Халити, предупредува дека со закон како овој, цели населби се претвораат во „безбедносни зони“, а нивните жители во „безбедносни категории“.
ЕК нагласува дека спроведувањето на законот мора да биде во согласност со правото на ЕУ и основните права, и повторува дека е против секаков вид дискриминација, особено на Ромите. Европските институции веќе започнале конструктивен дијалог со словенечките власти за да се избегнат несоодветни последици и поголема ранливост на малцинствата.
















