Бананите се едни од најпопуларните овошја, но често брзо омекнуваат и потемнуваат. Нутриционистката Менди Аплегејт од „Two City Vegans“ открива едноставен трик за подолга свежина: држете ги одвоено од другото овошје.
„Чинијата со овошје е најлошото место за банани. Јаболката и праските испуштаат етилен, гас кој го забрзува зреењето и го прави овошјето презреано“, објаснува Аплегејт.
За да ги сочувате подолго:
- Чувајте ги бананите одвоено од друго овошје;
- Држете ги далеку од топлина (шпорет, фритеза);
- Замотајте ја дршката со проѕирна фолија.
Трикот со фолија го забавува испуштањето на етилен и може да појачува свежината до 10 дена, понекогаш и две недели повеќе. Доволна е мала фолија околу дршката за бананите да останат цврсти и жолти како штотуку купени.
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк