ПРВ.мк
Магазин

Утре е Света Петка Икониска, ден кога се случуваат чуда - Еве што треба да направите

Утре е Света Петка Икониска, ден кога се случуваат чуда - Еве што треба да направите
Kristal

Света Параскева – Девица што го остави богатството и животот за Христовата љубов

Родена во градот Иконија, од богати и побожни родители, светата Параскева уште од најрана возраст го посветила својот живот на верата во Господ Исус Христос. По смртта на своите родители, таа – како вистинска Христова слугинка – го раздаде целиот свој имот на сиромашните, болните и неволните, сметајќи дека богатството не вреди ништо во споредба со вечниот живот.

Судењето и мачењата во времето на Диоклецијан

Во времето на царот Диоклецијан, кога започнало страшно гонење против христијаните, Параскева била уапсена и изведена пред судот на локалниот кнез. Кога тој ја прашал како се вика, таа со мирен и одлучен глас одговорила: „Моето име е Христијанка.“

Зачуден, кнезот ѝ рекол дека тоа не е вистинско име, а таа му возвратила: „Требаше најнапред да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на овој привремениот.“

Разгневен од нејзината храброст, кнезот наредил да ја бијат и мачат, но Параскева не покажала ни страв, ни болка. Потоа ја фрлиле во затвор, каде што ѝ се јавил ангел Господов, ја исцелил од сите рани и ја утешил, зацврстувајќи ја нејзината вера уште повеќе.

Чудото со идолите и нејзината маченичка смрт

По неколку дена, била изведена во незнабожечки храм за да принесе жртва на паганските идоли. Но кога се помолила на Христа, сите идоли паднале и се распаднале пред неа. Овој настан уште повеќе ги разгневил мачителите, кои по долги и свирепи маки, конечно ја усмртиле со меч.

Света Параскева – симбол на вера, храброст и духовна сила

Таа останала симбол на мажествена храброст во женско тело, пример за непоколеблива вера и љубов кон Христос.

Тропар на Света Параскева

Премудрата и сефална Христова маченичка Параскева, мажествена храброст примајќи, женската немоќ ја отфрли, демонот го победи и мачителот го посрами, повикувајќи и глаголајќи: „Дојдете, телото мое со меч исечете го, јас пак радувајќи се, одам кон Христос, мојот Женик.“ По нејзините молитви, Христе Боже, спаси ги нашите души!

Escape