ПРВ.мк
Магазин

НОВ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ШУМАХЕР - ЕВЕ КОГА И КАДЕ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ!

НОВ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ШУМАХЕР - ЕВЕ КОГА И КАДЕ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ!
Kristal

Netflix најави нов документарен филм посветен на една од најконтроверзните и најдраматични сезони во историјата на Формула 1 – легендарната 1994 година на Михаел Шумахер. Филмот, насловен „Schumacher ’94“, ќе има премиера во текот на годинава.

Германскиот ас важи за еден од најголемите возачи на сите времиња, со седум светски титули и 91 победа во кариерата, израмнет рекорд што денес го дели со Луис Хамилтон. Својата прва титула Шумахер ја освои со Бенетон во 1994 година, а потоа ја одбрани и следната сезона, пред да доминира со Ферари со пет последователни титули од 2000 до 2004 година.

Сезоната 1994 остана запаметена по трагедијата на Големата награда на Сан Марино, каде животот го загуби Аиртон Сена, но и по контроверзниот финиш во Аделаида, кога судирот со Дејмон Хил му ја донесе титулата на Шумахер. Целата година беше следена и од обвинувања за нерегуларности и технички манипулации.

Во документарецот ќе се појави и сопругата на Михаел, Корина Шумахер, која нуди личен и емотивен поглед кон човекот зад шлемот – бескомпромисен борец на патеката и чувствителна личност надвор од неа. Филмот е во продукција на LEONINE Documentaries и е режиран од Кристин Фрајтаг.

Ова е втор проект на Netflix посветен на Шумахер, по документарецот од 2021 година. Легендарниот возач не се појавува во јавноста од тешката несреќа на скијање во 2013 година, што дополнително ја зголемува емоционалната тежина на новиот филм.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo