ПРВ.мк
Македонија

Шенген ги трга рампите за македонските превозници - ова се деталите!

Шенген ги трга рампите за македонските превозници - ова се деталите!
Kristal

Македонските превозници наскоро ќе можат слободно да се движат низ целата Шенген-зона без временски ограничувања, доколку поседуваат важечка виза издадена од која било земја-членка на Европската унија. Договорот е постигнат во Брисел, по неколкудневните протести и блокади на граничните премини од страна на транспортери од Македонија и регионот.

Одлуката доаѓа откако Европската унија ги прифати клучните барања на земјите од Западен Балкан, признавајќи дека професионалните возачи имаат специфични работни услови и не можат да се третираат како туристи. Ова, според надлежните, беше суштината на проблемот што со години ја отежнуваше работата на транспортниот сектор.

Во рамки на новата визна политика, Европската комисија ќе работи со земјите-членки за овозможување продолжен престој за одредени категории државјани од трети земји, меѓу кои и транспортерите. Се разгледува и можноста за ново европско законодавство што би вовело јасни и посебни правила за професионалните возачи.

Дополнително, ќе се анализира и ефектот од постојните билатерални договори, со цел да се отстранат административните и практичните пречки со кои се соочуваат возачите на терен.

Проблемот со правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена беше причина за протестите што започнаа на 26 јануари, кога превозници од неколку балкански земји ги блокираа граничните премини, предупредувајќи дека сегашниот режим им го загрозува опстанокот.

Со најавените измени, Брисел испраќа порака дека логистиката и економијата добиваат приоритет, а превозниците очекуваат брза примена на договореното.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo