ПРВ.мк
Македонија

Историски чекор за заштита на децата: Македонија конечно го воведе европскиот број 116 111

Историски чекор за заштита на децата: Македонија конечно го воведе европскиот број 116 111
Kristal

Македонија направи значаен исчекор во унапредувањето на заштитата на децата, откако официјално беше доделен европскиот телефонски број за помош на деца – 116 111. Одлуката ја донесе Агенцијата за електронски комуникации, со што за првпат во земјава овој број ќе биде активен, а техничката имплементација е веќе во тек.

По години континуирани напори и јавна застапеност, оваа услуга ќе функционира во рамки на детската линија АлоБушавко, која е дел од националниот проект за побезбеден интернет. Проектот е поддржан од Европската Унија и национални средства, во соработка со институции и телекомуникациски партнер, кои одиграа клучна улога во реализацијата.

Детската линија обезбедува безбеден, доверлив и бесплатен простор каде децата и младите можат да побараат стручна помош во секое време. Станува збор за сервис кој веќе со децении нуди поддршка, советување и заштита за илјадници деца, особено во ситуации поврзани со насилство, злоупотреба, врсничко насилство, занемарување или емоционални потешкотии.

Бројот 116 111 е активен во повеќе од 25 европски земји и претставува симбол на сигурност и пристапност за децата. Со неговото воведување, Македонија повеќе не е меѓу земјите без ваков систем за поддршка.

Овој чекор претставува силна инвестиција во иднината на децата и јасна порака дека нивната безбедност и благосостојба се национален приоритет.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo