Легендарниот британски бенд „Ролинг Стоунс“ уште еднаш ја возбуди светската музичка сцена – објавија нова песна со наслов „Во ѕвездите (In the Stars)“, како најава за нивниот претстоен албум „Странски јазици (Foreign Tongues)“, кој ќе излезе на 10 јули.
Фронтменот Мик Џегер откри дека снимањето во лондонското студио „Метрополис“ било интензивно и динамично: „Имавме 14 одлични песни и работевме најбрзо што можеме,“ изјави тој, додавајќи дека атмосферата на снимањето била инспиративна.
Според британските медиуми, новиот албум ќе содржи и снимка од покојниот Чарли Вотс, долгогодишниот тапанар на бендот, што го прави проектот уште повреден за фановите.
Последниот албум на „Стоунси“ беше „Hackney Diamonds“ од 2023 година, кој доби одлични критики и покажа дека рок ветераните сè уште имаат свежа енергија и креативност.
Со новата песна и најавата за албумот, „Ролинг Стоунс“ уште еднаш потврдуваат дека нивната музика е безвременска и дека и по децении на сцена успеваат да ја задржат љубопитноста и ентузијазмот на публиката ширум светот.








