ПРВ.мк
Магазин

Кинезите го пронајдоа новото „коцкање“ без казина: Како милиони фрлаат пари на мистериозни „слепи кутии“ во живо

Кинезите го пронајдоа новото „коцкање“ без казина: Како милиони фрлаат пари на мистериозни „слепи кутии“ во живо
Escape

Кинезите долго време имаат силна наклонетост кон коцкањето и игрите на среќа, но кога државата ги затвори казината и ги забрани игрите на среќа поради сериозните социјални проблеми што ги предизвикаа, како што се разорените семејства и растечката зависност, народот не се откажа од желбата за адреналин и брзи возбудувања. Наместо тоа, тие пронајдоа сосема нов начин на „коцкање“ кој сега го привлекува вниманието на целиот свет и буди неверување.

Новата мода што експлодираше во Кина е онлајн продажбата во живо. Во овие преноси, продавачите пред публика преку видео во реално време отвораат мистериозни пакети или „слепи кутии“, кои ги нарачуваат гледачите. Во овие кутии не е познато што се крие – може да биде мала играчка, козметички производ, или некоја друга ситница, а понекогаш таму се крие и некаква „среќа“. Дополнително, гледачите можат да учествуваат со погодување на бојата на кутијата, добивајќи дополнителни бонуси. Овој начин на купување создава слична возбуда како коцкањето – неизвесноста што го поттикнува адреналинот и желбата за уште еден обид.

Иако на прв поглед ова може да изгледа како невина забава, ефектот е многу сличен на зависноста од казино. Купувачите продолжуваат да нарачуваат сè повеќе кутии, возбудени од шансата дека можеби овој пат ќе добијат нешто посебно, а заедничкото славење во четот со продавачот кога некој ќе има среќа дополнително ја зајакнува зависноста. Во најголем број случаи, наградите се евтини сувенири или козметика, но токму неизвесноста и интеракцијата со други играчи го прават ова искуство привлечно.

Економската криза и рецесијата во Кина исто така играат важна улога во развојот на овој тренд. Луѓето не се откажуваат од купување, туку се обидуваат да трошат помалку. Така се појави „економијата на евтино трошење“, каде што овие „слепи кутии“ со цена од 1 до 10 евра се продаваат во огромни количества секој ден. Некои од најпосветените купувачи трошат и до една третина од својата месечна плата на овие виртуелни „игри на среќа“. Во исто време, некои стримери заработуваат и до 800 јуани дневно, што е значително повеќе од просечната плата во Кина.

Овој тренд не ги заобиколи ниту најпознатите спортисти. На пример, 17-годишната олимписка шампионка Цуј Хонгчан беше фотографирана како ужива во „слепи кутии“ – нејзината слика со добиените играчки после победата во Париз подоцна беше избришана од социјалните мрежи. Во современа Кина веќе никој не се срами од овој нов вид на „коцкање“ кој се базира на мали суми пари и голема неизвесност.

Дали и вие некогаш сте пробале да нарачате „слепа кутија“ по цена на едно кафе?

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape