ПРВ.мк
Магазин

Кога Лепа Брена ќе „падне“ во рацете на Марјан Петров: Вака изгледа вистинската трансформација!

Кога Лепа Брена ќе „падне“ во рацете на Марјан Петров: Вака изгледа вистинската трансформација!
Escape

Лепа Брена синоќа на својот концерт во Охрид блесна со посебен сјај, а заслугата за тоа е стилистот Марјан Петров, чиј талент уште еднаш беше потврден. На социјалните мрежи, Марјан со гордост сподели фотографии од подготовките со познатата пејачка, придружени со зборовите „Една е Лепа Брена“ и срцев емотикон.

На првата фотографија може да се види Брена во удобно, бело бањарче, подготвена за финалните подготовки. На втората, пак, веќе е целосно трансформирана – облечена во златен, сјаен фустан, со совршено стилизирана коса и шминка, подготвена да ја освои сцената.

Марјан Петров, кој е еден од најпознатите македонски стилисти и шминкери, уште еднаш покажа зошто е доверен избор на многу ѕвезди. Лепа Брена изгледаше свежо, модерно и моќно, совршено прилагодена на својот статус како балканска музичка икона.

Комбинацијата на неговиот моден допир и харизмата на Брена создаде не само музички спектакл, туку и вистински визуелен празник на сцената во Охрид.

На крајот, Брена изрази голема благодарност кон своите обожаватели, како и кон Македонија и градот Охрид за поддршката и љубовта што ја доби.

Mia Home Mavrovo