Со голем успех и во прекрасна атмосфера, синоќа во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес се одржа премиерата на претставата „Вљубениот Шекспир“, која предизвика воодушевување кај присутната публика.


Вечерта беше исполнета со емоции, љубов, смеа и вистинска театарска магија, а актерскиот ансамбл со својата изведба успеа да ја освои публиката и да создаде незаборавно театарско доживување.

Бројните аплаузи, позитивните реакции и насмевките по завршувањето на претставата беа најдобрата потврда за успешната премиера и посветеноста на целиот тим кој стои зад оваа продукција.


Особено значење на претставата ѝ дава фактот што „Вљубениот Шекспир“ е дипломска режија на младата и талентирана режисерка Бојана Василковска, која со ова остварување направи значаен чекор во својата професионална кариера!


Од велешкиот театар упатија искрени честитки до младата режисерка, актерскиот ансамбл и авторскиот тим, изразувајќи благодарност до сите кои придонесоа за успешната реализација на премиерата.


Со оваа претстава, велешкиот театар уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавањето квалитетни театарски остварувања и збогатувањето на културниот живот во градот.


„Вљубениот Шекспир“ го започна своето театарско патување со голем успех, оставајќи силни впечатоци и прекрасни емоции кај велешката публика.









