ПРВ.мк
Култура

Министерот Љутков со делегација од Лајбниц Центарот за археологија – нова етапа во заштитата на културното наследство

Министерот Љутков со делегација од Лајбниц Центарот за археологија – нова етапа во заштитата на културното наследство

Министерот за култура и туризам, Љупчо Љутков, во канцеларијата на Министерството оствари значајна средба со делегацијата од Лајбниц Центарот за археологија во Мајнц (Leibniz-Zentrum für Archäologie – LEIZA), предводена од генералната директорка проф. д-р Александра Буш, заедно со д-р Ингрид Штелцнер и проф. д-р Роланд Шваб.

На средбата беше истакната важноста на соработката со оваа водечка меѓународна институција во областа на археологијата и конзервацијата на културното наследство. Преку заеднички истражувања, размена на експерти и примена на современи научни методи, се отвораат нови можности за македонските стручњаци и младите конзерватори да станат дел од врвни меѓународни тимови и да ја промовираат македонската археологија на светско ниво.

Министерот Љутков нагласи дека оваа соработка претставува значаен чекор за развој на археологијата, заштитата на културното наследство и професионалното усовршување во културните институции.

Escape