Ден пред почетокот на новата сезона со „Реквием“, министерот оствари работна посета на Националната опера и балет на покана на директорот Оливер Арсовски.

Тој се запозна со новите услови за работа на оперскиот ансамбл – две целосно реновирани и две сосема нови, поголеми студија, кои значително ќе придонесат за унапредување на квалитетот на нивната работа и подготовка.

Во рамки на посетата, министерот ја разгледа и реконструираната службена зона со главниот коридор што води до двете сцени, обезбедувајќи современ просторен капацитет за изведби и организација.

Министерството продолжува да инвестира во културата, институциите и уметниците – најголемите амбасадори на Македонија.



