ПРВ.мк
Култура

Министерот Љутков учествува во заедничка акција за уредување на музејскиот комплекс во Скопје

Министерот Љутков учествува во заедничка акција за уредување на музејскиот комплекс во Скопје

Денес, министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше во заедничка акција предводена од заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, во соработка со Музејот на Македонија, Националниот конзерваторски центар и Општина Чаир.

Со акцијата се уредува просторот во рамки на музејскиот комплекс, кој со години беше запуштен и се користеше како импровизиран паркинг. Сите хаварисани возила ќе бидат отстранети, просторот ќе се исчисти и ќе се стави во функција како уреден паркинг за посетителите на Музејот и Старата скопска чаршија.

Министерот Љутков истакна дека оваа мерка не само што го подобрува изгледот и функционалноста на просторот, туку и го олеснува пристапот на граѓаните до културното наследство. „Очекуваме уредениот простор да придонесе за поголема посетеност на музејот и чаршијата, како и за зајакнување на културниот туризам во нашиот град“, порача министерот.

Escape