Германскиот федерален завод за статистика (Destatis) објави дека во април 2024 година просечната бруто месечна плата за вработените со полно работно време изнесувала 4.634 евра, односно 55.608 евра годишно, но разликите меѓу секторите се огромни.
Највисоки примања имаат финансискиот и осигурителниот сектор – просечно 6.182 евра месечно, следуваат ИТ индустријата со 5.955 евра и јавниот сектор со 4.791 евра. Најниски плати се регистрираат во земјоделството и шумарството (3.133 евра) и угостителството (3.042 евра).
Платите по компании покажуваат дека SAP предводи со 76.711 евра годишно, по што следат Airbus, Commerzbank, Bosch, Continental и Siemens. Volkswagen, TÜV Süd, R+V Versicherung и Accenture Deutschland се исто така меѓу десетте највисоко платени.
Што се однесува до професиите, пилотите заработуваат просечно 90.500 евра годишно, ревизорите 90.400 евра, а лекарите 87.000 евра.
И покрај високите просеци, платите се нерамномерни според пол: мажите заработуваат околу 600 евра повеќе месечно од жените – 4.830 евра во споредба со 4.214 евра.