ПРВ.мк
Економија

Од полноќ нови цени на горивата: Еве што поскапува, а што поевтинува

Од полноќ нови цени на горивата: Еве што поскапува, а што поевтинува

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, која ќе стапи во сила од 00:01 часот на 5 август.

Според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 91 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 93 денари за литар, што претставува намалување од 2 денари кај двата вида бензин.

Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 1 денар и од полноќ ќе се продава по 99,50 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 98,50 денари за литар, додека мазутот поевтинува за 1,680 денари по килограм и ќе чини 46,419 денари.

Од РКЕ информираат дека во пресметката се земени предвид движењата на цените на светските пазари, како и курсот на денарот во однос на американскиот долар. Исто така, продолжува примената на намалената акциза од 2 денари по литар кај бензините и 4 денари по литар кај дизелот.

Трговците ќе можат да продаваат гориво и по пониски цени од утврдените максимални износи.