ПРВ.мк
Економија

Нов удар за граѓаните и економијата: нафтата поскапува по блокадата на Ормус

Нов удар за граѓаните и економијата: нафтата поскапува по блокадата на Ормус

Цените на нафтата повторно бележат раст, откако кризата околу Ормуската Теснина продолжи да создава сериозен притисок врз глобалните енергетски пазари.

Нафтата од типот „брент“ за испорака во јули поскапе за 1,04 долари и достигна 111,44 долари за барел. Истовремено, американската лесна нафта „вест тексас интермидиет“ порасна за 41 цент и се продава за 105,48 долари за барел.

Главна причина за растот е блокадата на Ормуската Теснина од страна на Иран, како и американските мерки насочени кон иранските извозни пристаништа за сурова нафта.

Цените се во постојан пораст од крајот на февруари, кога нападите на САД и Израел врз Иран доведоа до затворање на оваа клучна поморска рута. Преку Ормус минува значаен дел од светската трговија со нафта и течен природен гас, па секое нарушување веднаш се чувствува на пазарите.

Според медиумските извештаи, „брент“ само во текот на март поскапел за околу 50 проценти. Ваквиот раст повторно ја отвора загриженоста дека кризата може да се прелее врз цените на горивата, транспортот и пошироките трошоци за живот.