Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
Динамика на тргување и пазарни движења
Неделата од 12 до 16 мај 2025 донесе стабилност и умерено тргување, предводено од Комерцијална банка и Алкалоид, кои остварија највисоки промети. Акцијата на Тетекс беше најдобар добитник со речиси 3% раст, додека Алкалоид и Стопанска банка беа под притисок на корекција. Пазарниот сентимент остана претпазлив, но позитивен, при што МБИ10 бележи скромен неделен раст.
Во неделата од 12 до 16 мај 2025 година, вкупниот промет на Македонската берза изнесуваше:
● На сите пазари: 136.883.364 денари
● На официјалниот пазар: 136.862.889 денари
● На редовниот пазар: 20.475 денари
● Промет преку блок трансакции: / (нема пријавено блок трансакции за периодот)
Најтргувани хартии од вредност
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 45.848.916 денари
● Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 41.750.320 денари
● Стопанска банка АД Скопје (STB) – промет од 20.997.508 денари
● Тетекс АД Тетово (TET) – раст од +2,98%
● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – раст од +0,82%
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – раст од +0,21%
● Алкалоид АД Скопје (ALK) – пад од -3,27%
● Стопанска банка АД Скопје (STB) –пад од -2,78%
● Прилепска Пиварница АД Прилеп (PPIV) – пад од -1,37%
Неделниот промет со државни обврзници од денационализација изнесуваше:
● РМ Денац. 19, 21, 22 и 23 – вкупно 5.756.091 денари
Индексот ОМБ остана непроменет на 126,51 поени.