Усвојувањето на Законoт за енергетика ја демонстрира силната посветеност кон европската енергетска интеграција, изјави Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница по повод донесувањето на Законот за енергетика во Македонија.
Енергетската заедница донесувањето на новиот Закон за енергетика го нарече „значајна пресвртница на патот на земјата кон целосна интеграција во европскиот енергетски пазар“.
„Ги очекуваме следните чекори-почнувајќи од целосната усогласност и напредување кон забрзана интеграција во единствениот ЕУ пазар на електрична енергија како и подобрена безбедност на системот“, додава Лорковски.
Енергетската заедница оценува дека новата законска рамка го отвора патот кон интеграција во пазарот на електрична енергија, а како најзначајно, поврзувањето на пазарот на електрична енергија на Македонија со единственото поврзување на ЕУ за еден ден однапред и интрадневно поврзување (SDAC/SIDC).
„Овој значаен чекор ќе ја подобри регионалната соработка, како и ефикасноста на пазарот и ќе ја зајакне енергетската стабилност во согласност со правилата на Енергетската заедница“, се наведува во соопштението на Енергетската заедница, во кое се додава и дека поврзувањето на пазарот останува предмет на потврдена усогласеност на законските одредби со Договорот за Енергетска заедница. Секретаријатот, како што се наведува, ќе соработува со Македонија за да го поддржи овој процес и да обезбеди брзо и ефикасно усогласување.