ПРВ.мк

Кремљ потврди: Можна е средба помеѓу Путин и Зеленски, но само под овие услови

Кремљ потврди: Можна е средба помеѓу Путин и Зеленски, но само под овие услови
Jumbo Banner

Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски е можна, но само под одредени услови

Кремљ соопшти дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, би можел да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но само доколку претходно бидат постигнати конкретни договори меѓу делегациите на двете земји.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека средбата би можела да се случи како резултат на договорен напредок меѓу преговарачките тимови. „Сметаме дека средба е можна, но само како кулминација на преговорите што би резултирале со конкретни договори“, нагласи Песков, без да прецизира кои се условите што Москва ги поставува.

Тој додаде дека за Русија најзначајно прашање останува – кој би ги потпишал потенцијалните договори од украинска страна. Со тоа уште еднаш се алудира на прашањето за легитимитетот на Зеленски.

Кремљ го доведува во прашање легитимитетот на Зеленски

Путин веќе јавно го доведе во прашање легитимитетот на украинскиот претседател, имајќи предвид дека неговиот мандат формално истече минатата година. Во услови на воена состојба, Украина сè уште нема закажано нови претседателски избори.

Претходно беше најавено дека можно е Зеленски и Путин да се сретнат оваа недела во Турција. Наместо тоа, рускиот претседател во Истанбул испрати делегација составена од советници и високи функционери за да се сретнат со украинските претставници. Ова е прв директен контакт меѓу двете страни од март 2022 година.

Средбата доаѓа во период на зголемена дипломатска активност, но и подлабоки тензии околу иднината на украинското раководство и можностите за мировен процес.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран