Грција се соочува со необичен природен феномен, откако густи облаци од сахарска прашина го покрија воздухот во неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Атина. Прашината, која потекнува од Сахара, значително ја намали видливоста и создаде портокалова нијанса на хоризонтот.
Оваа појава беше забележана на широкиот појас од островот Крит, преку Пелопонез, па се до централната Грција и делови од Егејскиот регион. Лекарите предупредуваат дека особено лица со респираторни болести треба да избегнуваат долготраен престој на отворено и да се воздржат од напорни физички активности, бидејќи прашината може да предизвика здравствени проблеми.
Поради присуството на јаките ветрови, десетици летови беа пренасочени, а некои дури и откажани. Паралелно, локалните медиуми известуваат за необично високи температури кои го следат овој природен феномен. Властите ја следат ситуацијата и апелираат за внимателност.