ПРВ.мк

Божиновска: Македонија со амбициозна енергетска стратегија за зелена транзиција и регионално поврзување

Божиновска: Македонија со амбициозна енергетска стратегија за зелена транзиција и регионално поврзување
Jumbo Banner

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во интервју за емисијата „Топ Тема“ на Телма, ги претстави клучните насоки на енергетска стратегија на Македонија, фокусирана на зелена транзиција, регионално поврзување и долгорочна енергетска стабилност.

„Планирањето во енергетиката е долгорочен процес. Нашата стратегија опфаќа период од 10 години, со јасно дефинирани чекори,“ истакна Божиновска, додавајќи дека земјата е потписничка на иницијативата за праведна транзиција, што ја класифицира како држава во процес на зелена транзиција.

Во рамките на стратегијата, предвидена е изградба на когенеративни централи, кои ќе овозможат истовремено производство на електрична и топлинска енергија, зголемувајќи ја ефикасноста на енергетскиот систем.

Министерката информираше дека неодамна е потпишан договор за гасен конектор со Грција, кој ќе биде адаптиран и за транспорт на водород, што претставува значаен чекор кон диверзификација на енергетските извори и интеграција на обновливи технологии. Дополнително, постигнат е договор за енергетско партнерство со Србија и план за изградба на конектор со оваа соседна земја, со цел зајакнување на регионалната енергетска соработка и сигурност во снабдувањето.

„Сакаме обновливи извори на енергија, но мораме да осигуриме и стабилна базна енергија за време на транзицијата,“ нагласи Божиновска, подвлекувајќи ја важноста на балансиран пристап во процесот на енергетска трансформација.

Овие иницијативи се дел од пошироката стратегија на Владата за поттикнување на инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на енергетската безбедност на земјата .

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран