Пет лица избодени на забава во југоисточен Лондон, полицијата трага по осомничениот
Лондонската полиција интензивно трага по сторителот по брутален напад со нож, при кој пет лица беа повредени на забава во населбата Темзмид, југоисточен Лондон.
Инцидентот се случил во раните утрински часови на улицата Натан Веј, кога полицијата била повикана по добиени пријави за напад со нож. Портпаролот на Метрополитенската полиција соопшти дека повикот бил примeн во 4:19 часот наутро во сабота, 17 мај.
„Пристигнавме на местото заедно со екипа на Брзата помош и затекнавме пет лица со убодни рани. Сите се хоспитализирани и добиваат медицински третман, додека нивните повреди сè уште се проценуваат“, изјави портпаролот.
Полицијата останува на терен и го обезбедува подрачјето додека трае истрагата. Засега не е извршено ниту едно апсење, а осомничениот сè уште е во бегство.
Портпаролот на Лондонската служба за итна медицинска помош потврди дека екипите биле повикани во 4:17 часот и дека тројца од повредените веднаш биле транспортирани во болница откако им била укажана прва помош на самото место.
Инцидентот предизвика вознемиреност кај жителите на соседството. Еден маж, вработен во близок комплекс за рециклажа, на Фејсбук објави дека „неколку лица биле избодени со нож“, при што најави дека објектот ќе остане затворен поради полициската блокада на патот.
Полицијата ги повикува сите граѓани кои имаат информации или снимки од настанот да се јават и да помогнат во истрагата.