Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги отвори картите и најави рекордни трошоци за следните три години. Буџетот за 2026 ќе скокне на 2,4 милијарди евра, во 2027 ќе ја надмине границата од 2,5 милијарди, а веќе во 2028 ќе достигне 2,7 милијарди евра.

Причината е јасна – секојa година се зголемува бројот на пензионери. Во 2026 ќе има 351.676 корисници, во 2027 бројката ќе порасне на 355.193, а во 2028 ќе достигне до 359.100.
Само за исплата на пензии ПИОМ ќе потроши:
- 117,1 милијарди денари во 2026
- 124,7 милијарди денари во 2027
- 130,8 милијарди денари во 2028
Освен пензиите, големи ставки се и издвојувањата за здравство и приватните пензиски фондови.

Просечната пензија исто така ќе расте – во декември 2026 ќе изнесува 27.522 денари, што е за 3,85% повеќе од 2025 година.