ПРВ.мк
Економија

Глобален ценовен удар: Дизелот станува луксуз во некои пазари - еве за колку ќе се качи цената!

Глобален ценовен удар: Дизелот станува луксуз во некои пазари - еве за колку ќе се качи цената!
Kristal

Воените тензии поврзани со конфликтот меѓу Иран и други глобални актери, кои започнаа на 28 февруари 2026 година, предизвикаа значителни потреси на светскиот пазар на нафта, со нагло зголемување на цените на дизелот во повеќе земји.

Според анализа на сервисот Investor Site, најголем пораст е забележан во азиските држави. На врвот се Филипини со раст од 81,6%, по што следи Нигерија со 78,3% и Малезија со 57,9%. Во Австралија зголемувањето изнесува 52,1%.

Во Европа, Украина се наоѓа на десеттото место со раст од 33,9%, додека во Германија е регистриран пораст од 30,9%, а во Франција 27,8%. Во САД дизелот поскапел за 41,2%, а во Кина за 25,4%.

Од друга страна, некои земји успеваат да одржат релативна ценовна стабилност. Во Индија и Саудиска Арабија нема промена, додека Русија бележи минимален раст од 0,5%. Земјите од Персискиот Залив, како Катар и Обединетите Арапски Емирати, имаат умерен пораст од околу 7,9%.

Експертите предупредуваат дека ограничувањата во протокот на нафта низ стратешки важната Ормуската Теснина дополнително придонесуваат за нестабилност на пазарот. Трендот покажува дека геополитичките конфликти и пристапот до енергетски ресурси остануваат клучни фактори што директно влијаат врз глобалните цени.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo