ПРВ.мк
Економија

ТЕЖОК УДАР ЗА ЕУ: Кина ја турка Германија кон опасна економска криза!

ТЕЖОК УДАР ЗА ЕУ: Кина ја турка Германија кон опасна економска криза!

Германија се соочува со сериозна економска криза откако кинеските компании почнаа агресивно да ги освојуваат светските пазари. Најпогодени се германските индустриски гиганти од автомобилскиот, хемискиот и машинскиот сектор, кои сè потешко се справуваат со евтината конкуренција од Кина.

Според нова анализа на Центарот за европски реформи од Лондон, Германија станала главната жртва на таканаречениот „втор кинески шок“. Кинеските производители не само што ги потиснуваат германските компании во Кина, туку сè повеќе им ги преземаат и европските и светските пазари.

Европската унија веќе почна да реагира. Донесени се построги мерки за увоз на челик од Кина, а секој увоз над дозволената квота ќе биде оданочен со високи царини од 50 проценти.

Економистите предупредуваат дека проблемот е многу подлабок. Според нив, германската индустрија не страда само поради скапата енергија или бирократијата, туку поради огромната државна поддршка што Кина им ја дава на своите компании преку субвенции, евтини кредити и поволности.

Најголем удар трпи автомобилската индустрија. Кина веќе произведува милиони електрични возила и забрзано ги освојува странските пазари, додека германските производители губат позиции.

Студијата открива дека Германија досега изгубила околу 400.000 работни места, а експертите стравуваат дека земјата би можела да се соочи со опасна деиндустријализација и долгорочно слабеење на економијата.