ПРВ.мк

Доларот ослабе трет ден со ред, раст на цените на нафтата

Доларот ослабе трет ден со ред, раст на цените на нафтата
Jumbo Banner

На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување вредноста на американскиот долар благо падна во однос на кошничката валут, трет ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 100,70 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 100,87 поени.

Во исто време, курсот на американската валута во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 146,35 на 145,25 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1205 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1195 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа. Цената на барел на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,71 отсто, на 64,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барел се зголеми за 0,73 проценти, на 62,05 долари.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран