ПРВ.мк

Божиновска: Енергетските проекти да се заштитат од сајбер напади, наскоро ќе се знае како ќе се реализира проектот Чебрен и Галиште

Божиновска: Енергетските проекти да се заштитат од сајбер напади, наскоро ќе се знае како ќе се реализира проектот Чебрен и Галиште
Jumbo Banner

Стартот на изградбата на гасен конектор со Грција, далновод до Албанија, изградбата на хидроцентрали, Чебрен и Галиште, реализација на когенеративни централи, ветерни паркови. Очекуваниот градежен бум во енергетиката, односно најавата за забрзана изградба на енергетските проекти ја зголемува потребата од нивна поголема безбедност. За да се спречат хакерски напади како оној на електропреносниот систем МЕПСО или пак да се надмине опасноста да снема струја како што тоа е случај во некои земји, неопходно е да се изнајде начин за нивните системи да се заштитат. Новиот Закон за сајбер безбедност кој би требало да се најде пред пратениците следниот месец треба да ги надмине овие предизвици. Овој закон посебно се однесува на заштита на проектите во енергетиката.

Македонија не се откажува од хидроцентралите Чебрен и Галиште. Консултациите за проектот за кој со децении се бара начин како да се изгради и финансира се при крај. Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека по 14 неуспешни тендери, интензивно се дискутира и во најкус временски период ќе се знае точно кој метод ќе се примени при изградбата на хидроцентралите, но Владата инсистира тој да биде македонски државен проект. Неодамна надлежните соопштија дека активно се бара стратешки партнер, бидејќи сумата за изградба е голема и надминува една милијарда евра.

„Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме да биде македонски државен проект. Најубаво е како држава сами да ја изградиме, но се работи за проект кој ќе чини најмалку една милијарда евра што не е мала ставка знаејќи каков ни беше Буџетот“ – вели Сања Божиновска – министерка за енергетика.

Клучниот напредок на полето на енергетиката беше направен токму неделава откако новиот Закон за енергетика беше изгласан во Собранието. Наскоро треба да бидат изработени и подзаконски акти, а законот со европско знаменце треба да придонесе за поголемо производство на енергија од обновливи извори, помали загуби во мрежата, фер пристап до енергија за сите и отворен пазар кадешто граѓаните ќе бидат производители, но и корисници.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран