ПРВ.мк

Доколку имате заштеда во долари, ова се веројатно најлошите вести за вас

Доколку имате заштеда во долари, ова се веројатно најлошите вести за вас
Jumbo Banner

Доларот под притисок – пад на вредноста поради трговската војна со Кина

Вредноста на американскиот долар продолжува да паѓа третa недела по ред, под влијание на растечките тензии во трговската војна меѓу САД и Кина. Индексот на доларот, кој ја мери неговата вредност во однос на шесте главни светски валути, минатата недела опадна за 0,6%, достигнувајќи 99,23 поени – најниско ниво во последните три години.

Посебно е забележливо слабеењето на доларот во однос на јапонскиот јен, со пад од 0,9%, на 142,20 јени.

И покрај изјавата на Доналд Трамп дека очекува трговски договор со Кина, кинеското Министерство за надворешни работи порача дека нема повеќе да реагира на нови закани од САД, предупредувајќи на нов бран контрамерки, вклучувајќи нетарифни бариери во услужните сектори.

Според аналитичарите, двете економски сили се заглавени во „скапа игра на кукавичлук“, без јасна намера некоја од страните да попушти. Дополнителен притисок на доларот доаѓа и од очекувањата за забавување на американската економија, што го потврди и претседателот на ФЕД, Џером Пауел.

Додека ФЕД вели дека ќе почека со одлуки за каматните стапки, Европската централна банка веќе го намали својот клучен процент за 0,25 поени – третпат годинава – како обид да ја зајакне европската економија во услови на глобална неизвесност.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран