ПРВ.мк

После четири децении: Израелскиот Мосад и Армијата пронајдоа остатоци на исчезнат израелски војник во срцето на Сирија

После четири децении: Израелскиот Мосад и Армијата пронајдоа остатоци на исчезнат израелски војник во срцето на Сирија
Jumbo Banner

Израелскиот Мосад и Армијата (IDF) ги пронајдоа остатоците на исчезнат војник во срцето на Сирија

Израелската разузнавачка служба Мосад и Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека се пронајдени посмртните останки на наредник од прва класа, Цвија Фелдман, кој исчезна за време на битката кај Султан Јакуб во текот на Првата либанска војна во 1982 година.

Во заедничко соопштение, двете институции потврдија дека телото на Фелдман било пронајдено во „срцето на Сирија“ за време на специјална операција. Остатоците се пренесени во Израел, каде што беа идентификувани, по што семејството на Фелдман беше известено.

Фелдман, кој бил тенкист, исчезнал заедно со уште двајца припадници на IDF – наредниците Јехуда Кац и Закарија Баумел – во текот на жестоката пресметка со сириската армија во долината Бекаа, Либан. Во таа битка, која се одигра пред речиси 43 години, загинаа 21 израелски војник, а над 30 беа повредени.

Останките на Баумел беа пронајдени и вратени во Израел во 2019 година, додека потрагата по Кац продолжува. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, заедно со министерот за одбрана Исраел Кац, порачаа дека државата нема да престане да трага додека не ги врати и останките на последниот исчезнат војник.

Во контекст на овие операции, IDF распореди сили на девет позиции во јужна Сирија по падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во декември. Израелските сили главно дејствуваат во рамки на тампон-зоната под надзор на ОН, со цел да го неутрализираат потенцијалното оружје што, според израелските власти, би можело да заврши во рацете на „непријателски сили“ и да претставува закана за безбедноста.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран