Првични анкети: Победа на Социјалистичката партија на изборите во Албанија
Според првите излезни анкети објавени од медиумите Албанијан пост и Клан Косова, на парламентарните избори во Албанија најмногу мандати освои Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама – вкупно 79. На второ место се најде коалицијата предводена од Демократската партија на Сали Бериша, со освоени 54 пратенички места.
И покрај објавените анкети, официјалните резултати од изборите сè уште не се соопштени од страна на политичките партии. Од Социјалистичката партија изјавија дека премиерот Рама нема да се обрати на јавноста пред вторник, потенцирајќи дека „нема да даде изјава додека не се преброи и последниот глас“.
Во главниот град Тирана владее мирна атмосфера. Не се забележани јавни собири или славења од страна на поддржувачите на ниту една политичка партија.