ПРВ.мк

Францускиот претседател сака да испраќа војници во Украина?

Францускиот претседател сака да испраќа војници во Украина?
Jumbo Banner

Макрон: Украина има потреба од неколку илјади мировници, не од стотици илјади војници

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Украина треба да биде поддржана со распоредување на неколку илјади мировници, потенцирајќи дека клучната цел не е во бројот на војници, туку во сигналот на солидарност со украинскиот народ.

„Клучниот елемент е да има војници во Украина… Може да има неколку илјади, но не и стотици илјади. Не е прашање на бројка. Пред сè, ние сме тука да се солидаризираме“, изјави Макрон за францускиот весник Паризиен.

Според него, мировните сили би имале задача да обезбедат стратешка поддршка – во воздухот или на клучни позиции – но далеку од линијата на фронтот.

Коментирајќи го најавениот предлог на рускиот претседател Владимир Путин за одржување директни мировни преговори со Украина на 15 мај во Турција, Макрон оцени дека тоа не е доволен чекор и додаде: „На безусловен прекин на огнот не му претходат преговори.“

На 10 мај, францускиот претседател заедно со британскиот премиер Кир Стармер, полскиот премиер Доналд Туск и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ја посетија украинската престолнина Киев. Макрон и Стармер веќе неколку месеци работат на идејата за испраќање мировни сили во Украина, како дел од поширока иницијатива за зголемена европска поддршка.

Сепак, и покрај формирањето на таканаречената „Коалиција на подготвените“, неколку европски држави остануваат резервирани во однос на испраќање војници без претходна гаранција за американска поддршка.

Од друга страна, Русија остро се спротивставува на идејата за присуство на воени сили од земји членки на НАТО на територијата на Украина. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, порача дека секое странско воено присуство ќе се смета за директна закана и потенцијално може да доведе до ескалација на конфликтот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран