ПРВ.мк

Ова е најдоброто време за кафе: Еве кога кофеинот има најдобро дејство за вашиот организам

Ова е најдоброто време за кафе: Еве кога кофеинот има најдобро дејство за вашиот организам
Jumbo Banner

Времето кога пиете кафе може драстично да влијае врз вашата енергија и спиење

Шолја кафе е утрински ритуал за милиони луѓе, но најновите сознанија покажуваат дека времето кога го консумирате кофеинот е можеби поважно отколку што мислевме. Само неколку часа одложување на првата доза може да донесе значителни придобивки за енергијата и квалитетот на спиењето.

Кофеинот, активната состојка во кафето, е природен стимуланс кој го зголемува нивото на енергија, ја подобрува будноста и ги поттикнува когнитивните функции. Но, неговите ефекти во голема мера зависат од времето на внесување.

Според нутриционистката Ејми Волс, пиењето кафе веднаш по будењето може да го наруши природниот циркадијален ритам – биолошкиот часовник кој го регулира циклусот спиење-будење. Во периодот од 7 до 8 часот наутро, нивото на кортизол – хормонот на стресот кој го разбудува телото – е природно највисоко. Кофеинот во тој момент не само што има намалено дејство, туку може и да го зголеми крвниот притисок и да предизвика забрзано чукање на срцето.

Кога е најдобро да се пие кафе?

Иако нема универзално правило, Волс препорачува внес на кафе по 9:30 или дури по 14 часот, кога нивото на кортизол веќе почнало да опаѓа. Ова му овозможува на телото прво да ја активира својата природна енергија, а потоа да добие дополнителен поттик преку кофеинот.

За оние кои не можат да ја прескокнат утринската шолја, советот е да се почека барем еден час по будењето. Во меѓувреме, препорачливо е и ограничување на кофеинот на една до две шолји дневно и избор на алтернативи без кофеин, особено во попладневните часови.

Квалитетниот сон и умерената консумација на кафе се клучот за здрава дневна енергија и подобра концентрација – без непотребна зависност од стимуланси.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран