ПРВ.мк

Научиле да “зборуваат”? Шимпанзите развиле сложен систем за комуникација

Научиле да “зборуваат”? Шимпанзите развиле сложен систем за комуникација
Jumbo Banner

Шимпанзите развиле многу поистанчен и сложен систем на комуникација отколку што се сметало досега, кој вклучува елементи слични на основите на човечкиот јазик, покажува новото истражување објавено во списанието Science Advances.

Како што откриле научниците, шимпанзите користат неколку механизми кои комбинираат вокални звуци за да создадат нови значења, а овие елементи на комуникација се слични на начинот на кој луѓето користат идиоми или променуваат редослед на зборовите за да создадат нови изрази.

Во истражувањето, кое било објавено неодамна, научниците анализирале снимки од три групи шимпанзи кои живеат во Брегот на Слоновата Коска во Африка. Тие утврдиле дека овие примати комбинираат звуци на сличен начин како што човекот употребува идиоми или променлива структура на реченици за да создаде ново значење.

Ова е првпат научниците да документираат таква сложеност во комуникацискиот систем кој не е човечки, јавува телевизијата NBC News. Научниците веруваат дека оваа способност кај шимпанзите претставува еволутивен чекор помеѓу комуникацијата кај животните и човечкиот јазик.

Друга студија, објавена минатиот месец, исто така дојде до слични заклучоци, потврдувајќи дека друга врста примати, бонобо, исто така може да комбинира звуци и да формира нешто што наликува на реченици.

Истражувачите до новите откритија дошле така што секојдневно го следеле животот на групите шимпанзи 12 часа дневно, снимајќи ги звуците и вокализациите кои тие ги испуштаат.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран