ПРВ.мк

Кардиолог открива кои намирници постојано ги има во кујната: “Овие грицки ги консумирам секојдневно, ги носам дури и во ташна”

Кардиолог открива кои намирници постојано ги има во кујната: “Овие грицки ги консумирам секојдневно, ги носам дури и во ташна”
Jumbo Banner

Совет од кардиолозите: Како да одберете здрави ужинки кога сте во движење

Кога сме дома, изборот на здрави меѓуоброци е значително полесен – на дофат ни се сите намирници од фрижидерот и оставата. Но кога сме надвор од дома, опциите често се сведуваат на она што го нудат автоматите или најблиската продавница – а тоа ретко значи здрава храна. Токму затоа, кардиолозите препорачуваат однапред планирани и подготвени ужинки кои го поддржуваат здравјето на срцето.

Еден од наједноставните и најефикасни предлози доаѓа од д-р Паван Кападија, кардиолог кој, како што вели, најчесто ужива во комбинација од свежо овошје и јаткасти плодови.

„Обично јадам во текот на утрото или попладне, помеѓу прегледите“, изјавува тој за американскиот магазин Parade. Посебно го истакнува шумското овошје – богато со антиоксиданси како антоцијанини, елагична киселина и ресвератрол – соединенија што помагаат во намалување на оксидативниот стрес и воспаленијата, кои се клучни ризик-фактори за кардиоваскуларни заболувања.

Свежото овошје обезбедува значајна количина растителни влакна и антиоксиданси, додека јаткастите плодови се извор на незаситени масти кои го намалуваат нивото на „лошиот“ (ЛДЛ) холестерол.

Здрава рамнотежа и енергија во движење

Комбинацијата на растителни влакна, здрави масти и протеини ги прави овие ужинки одличен избор за одржување на кардиоваскуларното здравје, дури и кога сме во брзање. „Исхраната богата со разновидно овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти плодови и интегрални житарки е суштинска за здраво срце – а овошјето и јаткастите плодови се практични и лесни за носење“, додава д-р Кападија, потенцирајќи дека разновидноста е клучна за внес на различни хранливи материи.

Негова колешка, д-р Ерика Спац, кардиолог од САД, предлага друга алтернатива кога е дома: свеж зеленчук со нискокалорични сосови. „Го сакам крцкавиот вкус, па најчесто јадам моркови или млади гравчиња со гвакамоле“, открива таа. Посочува и на намази од јаткасти плодови и хумус како одлични извори на незаситени масти и протеини. Сепак, предупредува: „Внимавајте на калориите – лесно се акумулираат. Изберете ужинка што ќе ви даде енергија, а не само чувство на ситост.“

Со малку планирање, здравите ужинки можат да станат дел од секојдневието – дури и кога сме во движење.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран