ПРВ.мк

Трамп најави можен состанок со Си Џинпинг до крајот на неделата

Трамп најави можен состанок со Си Џинпинг до крајот на неделата
Jumbo Banner

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да се одржи средба со кинескиот претседател Си Џинпинг до крајот на неделата, објавија британските медиуми.

Најавата доаѓа по постигнатиот напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина – двете водечки светски економии – кои веќе подолго време се вклучени во ривалство и преговараат за нов трговски договор.

Трамп изјави дека разговорите кои се воделе за време на викендот во Женева придонеле за „ресетирање“ на билатералните односи и дека двете страни покажале добра волја за приближување на ставовите.

Во заедничка изјава, Вашингтон и Пекинг се согласија да го одложат стапувањето во сила на дел од веќе воведените царини за период од 90 дена, со цел да се создаде простор за финализирање на договорот.

Како резултат на позитивните вести, берзанските индекси на Волстрит значително пораснаа во раното утринско тргување.

Американскиот претседател изрази оптимизам дека во наредните три месеци ќе се постигне конечен договор, со што би се избегнало дополнително зголемување на царините на кинескиот увоз, кои би можеле да достигнат до 145 отсто.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран