Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за корекција на цените на нафтените деривати, која стапува во сила од полноќ.
Според новата одлука, бензините поевтинуваат за два денари по литар, додека дизелот и екстралесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,5 денари.
Новите цени ќе изнесуваат:
• Еуросупер БС-95 – 86 денари за литар• Еуросупер БС-98 – 88 денари за литар• Еуродизел – 87 денари за литар• Екстралесно масло за домаќинство – 89 денари за литар
Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 0,609 денари по килограм и ќе изнесува 47,297 денари.
Одлуката доаѓа во период кога Владата ја продолжи мерката за намалени акцизи за нафтените деривати до 15 јуни, а компанијата ОКТА најави дополнителен попуст од два денари за бензините од 95 и 98 октани, кој ќе важи до 16 јуни.
Новите цени ќе важат од полноќ на сите бензински станици во државата.









