ПРВ.мк
Црна Хроника

ЗЛАТЕН УЛОВ НА ЦАРИНАТА: Спречено криумчарење на злато - еве како се обиделе да го пренесат!

ЗЛАТЕН УЛОВ НА ЦАРИНАТА: Спречено криумчарење на злато - еве како се обиделе да го пренесат!

Царинската управа значително ги засили контролите преку воведување нови профили на ризик, што доведе до откривање на три обиди за криумчарење злато на Меѓународен Аеродром Скопје во изминатите две недели.

Според директорот Бобан Николовски, во овие акции биле запленети вкупно 285 грама злато, проценети на околу 23.000 евра. Дополнително, спречен е уште еден обид за шверц и на граничниот премин Богородица, при што златото е одземено, а против сторителите се поведени кривични постапки.

Николовски потсети и на еден од најголемите случаи во последниот период – заплена на дури 1,7 килограми вреден златен накит на скопскиот аеродром, чија вредност по вештачење достигнува речиси еден милион евра.

Според надлежните, ваквите резултати се директен ефект на новите стратегии за следење на глобалните трендови и поефикасно откривање на нелегалната трговија со скапоцености.