ПРВ.мк
Црна Хроника

Безобѕирно возење низ државата: 15 возачи приведени - еве какви прекршоци направиле!

Безобѕирно возење низ државата: 15 возачи приведени - еве какви прекршоци направиле!

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода вкупно 15 возачи поради безобѕирно управување со возило.

Од нив, дури 12 управувале без возачка дозвола, двајца возеле и покрај активна забрана, додека еден бил фатен зад волан под дејство на алкохол.

По градови, четворица возачи без дозвола биле откриени во Скопје, двајца во Куманово, а по еден во Тетово, Гостивар, Велес, Дебар и Битола. Дополнително, еден возач управувал возило без дозвола и истовремено под дејство на алкохол.

Во однос на останатите прекршоци, по еден возач во Скопје и Неготино управувале возило и покрај изречена забрана, додека во Струмица е санкциониран возач кој возел под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возило без дозвола, под забрана или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.