СВР Тетово поднесе кривична пријава против 54-годишниот Л.К. од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Според полициските информации, на 05.08.2025 година пријавениот од странски телефонски број воспоставил контакт со женско лице од Тетово и од неа побарал 20.000 евра. Како причина навел дека издржувал затворска казна во Германија наводно поради нејзина вина.
Во текот на комуникацијата, тој испраќал пораки со закани и уцени кон жената и нејзината мајка, тврдејќи дека поседува компромитирачки видео снимки кои ќе ги објави доколку не му бидат исплатени бараните пари.
По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.










