ПРВ.мк
Црна Хроника

Семејната расправија ескалирала - Полицијата открила вознемирувачки детали!

Семејната расправија ескалирала - Полицијата открила вознемирувачки детали!

44-годишна жена од Скопје е лишена од слобода ноќеска по пријава за семејно насилство и закани.

Како што информираат од МВР, инцидентот бил пријавен дека се случил на 16 април околу 19:30 часот на подрачјето на Карпош, каде жената упатувала закани кон нејзиниот 64-годишен поранешен сопруг и нивните деца.

Според пријавеното, мажот во изминатиот период бил изложен на психичко и физичко насилство.

При полицискиот преглед кај жената била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Од полицијата најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.