ПРВ.мк
Црна Хроника

Загина млад диџеј, изгубил контрола и со автомобилот излетал од патот

Загина млад диџеј, изгубил контрола и со автомобилот излетал од патот

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во селото Милиќевци, во близина на Чачак, животот го загубил 22-годишниот М.К., кој повремено работел како диџеј.

Според првичните и неофицијални информации, младиот возач во еден момент изгубил контрола над автомобилот, по што излетал од патот. За жал, за него немало спас.

Точните околности под кои дошло до трагичната несреќа засега не се познати и треба да бидат утврдени во понатамошната истрага.

Жителите кои го познавале 22-годишникот велат дека станувало збор за вреден и чесен млад човек.

„Беше добро момче, вредно и чесно. Повремено работеше како диџеј и пушташе музика. Ова е огромна трагедија за неговото семејство, но и за целото село“, изјавиле потресени жители за РИНА.