Двајца малолетници од липковското село Матејче се приведени под сомнение дека со остар предмет нападнале 16-годишно момче, кое се здобило со тешка телесна повреда.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Куманово на 28 септември во 00:30 часот ги лишиле од слобода двајцата малолетници.
Нападот се случил во селото Матејче, каде 16-годишникот бил повреден со остар предмет. Поради сериозноста на повредата, момчето било итно пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.








