ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хорор во средно училиште – Три жртви и неколку повредени во напад што го шокира регионот

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хорор во средно училиште – Три жртви и неколку повредени во напад што го шокира регионот

Три ученици загинаа, а петмина се повредени во вооружен напад што се случи во средно училиште во централниот дел на Филипините, соопшти локалната полиција.

Според првичните информации, две лица отвориле оган во средното училиште во градот Таклобан, предизвикувајќи паника меѓу учениците и наставниот кадар.

По нападот, полицијата уапсила двајца осомничени. Еден од нив, според властите, е ученик во училиштето каде што се случила трагедијата.

Повредените веднаш биле пренесени во болница, каде им била укажана лекарска помош. Засега не се соопштени дополнителни информации за нивната здравствена состојба.

Надлежните институции започнаа обемна истрага за да ги утврдат мотивите за нападот и сите околности под кои дошло до пукањето. Полицијата работи на собирање докази и испрашување сведоци, додека училиштето е обезбедено од безбедносните служби.

ВИДЕО

Нападот предизвика шок и вознемиреност во јавноста, а локалните власти најавија дополнителни мерки за безбедност во образовните установи.