ПРВ.мк
Црна Хроника

Вознемирувачки случај во Македонија: Мало дете се затруло со средство за перење

Вознемирувачки случај во Македонија: Мало дете се затруло со средство за перење

Едногодишно дете било донесено во Општата болница во Куманово поради труење со детергент, а случајот бил пријавен и во полицијата.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, на 13 октомври 2026 година, во 21:32 часот, болницата го пријавила случајот.

Од здравствената установа било соопштено дека кај нив е донесено дете на возраст од само една година, кај кое било пријавено труење со детергент.

Засега не се објавени дополнителни информации за тоа како дошло до труењето, ниту под кои околности детето дошло во контакт со хемиското средство.

Нема официјални информации ниту за моменталната здравствена состојба на детето, како и за тоа дали било задржано на болничко лекување.

Од полицијата потврдуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Се очекува надлежните институции дополнително да утврдат како се случил инцидентот.