ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗАЧОТ ЗАСПАЛ НА ВОЛАНОТ? Откриен идентитетот на македонските државјани кои загинаа во стравична сообраќајка!

ВОЗАЧОТ ЗАСПАЛ НА ВОЛАНОТ? Откриен идентитетот на македонските државјани кои загинаа во стравична сообраќајка!
Kristal

Страшна сообраќајна несреќа се случи на автопатот Белград – Ниш, во близина на клучката Умчари, во која животот го загубија две лица, а едно е тешко повредено.

Според првичните информации, автомобилот излетал од коловозот, удрил во заштитна метална ограда и потоа во рефлектирачки столб. Две лица, маж и жена – возач и сопатник, биле прогласени за мртви на самото место, додека трето лице, сопатник, било пренесено во Ургентниот центар со тешки повреди.

Сите загинати биле во автомобил „Сеат“ со германски регистарски таблички и се државјани на Македонија од албанско потекло. Како што пренесува Пинк.рс, тие се враќале од Германија кон Македонија.

Причината за несреќата сè уште се истражува, но се претпоставува дека возачот можел да заспие поради замор, што довело до излетување од коловозот. На местото на настанот интервенирале сообраќајната полиција, екипи на брзата помош и пожарникари – спасувачи кои го извлекле тешко повреденото лице и телата на двете жртви.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape