ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО УЧИЛИШТЕ: Избодени три лица, учениците и вработените итно евакуирани, уапсено девојче!

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО УЧИЛИШТЕ: Избодени три лица, учениците и вработените итно евакуирани, уапсено девојче!

Три лица се нападнати со нож во средно училиште во англискиот град Манчестер. Полицијата соопшти дека едно девојче е уапсено, а училиштето „Ко-Оп академија“ на Плант Хил Роуд е затворено.

Во училиштето владее опсадна состојба, јавува „Дејли мејл“. Над објектот лета хеликоптер, а полициски возила и возила на Брзата помош се наоѓаат пред училишната порта и во самиот двор на училиштето.

„Три лица се повредени, меѓутоа, засега не се верува дека повредите се сериозни. Итните служби сè уште се на лице место. Се верува дека нема понатамошна закана за учениците и за персоналот во училиштето“, изјави портпаролот на полицијата.

Најнови вести