Полицијата идентификувала уште една малолетничка која, според сомнежите, била присутна за време на нападот врз 18-годишната М.А. во центарот на Белград. Таа дополнително ќе биде сослушана во Вишото јавно обвинителство во Белград, во присуство на родител, а за случајот ќе биде известен и Центарот за социјална работа.
Нападот се случил ноќта околу 1 часот по полноќ во улицата „Браќа Крсмановиќ“, каде што 18-годишната девојка била избодена со нож. Според првичните информации, за нападот е осомничена 15-годишна девојка.
Петнаесетгодишната малолетничка била приведена и веднаш сослушана во Вишото јавно обвинителство во Белград, во присуство на нејзиниот родител. Таа се сомничи за кривично дело „насилничко однесување“.
Во меѓувреме, полицијата пронашла и скршен нож на територијата на општина Стари град, за кој постојат сомнежи дека бил употребен при нападот.
Повредената 18-годишна девојка била пренесена во Ургентниот центар со убодна рана. Од белградската Итна помош претходно информирале дека нападот бил пријавен во 1:17 часот, по што екипа излегла на терен и ја транспортирала повредената во болница.
Истрагата за случајот продолжува, а полицијата и обвинителството работат на утврдување на сите околности поврзани со нападот.








