ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) СУДИР НА ДВА ВОЗА: Најмалку 15 повредени, дел од нив се борат за живот, сообраќајот во прекин!

(ВИДЕО) СУДИР НА ДВА ВОЗА: Најмалку 15 повредени, дел од нив се борат за живот, сообраќајот во прекин!

Два патнички воза се судрија утринава во близина на Централната железничка станица во Прага, при што најмалку 15 лица се повредени. Неколкумина од нив се здобиле со сериозни повреди опасни по живот, а несреќата предизвика големи нарушувања во железничкиот сообраќај.

Судирот се случил околу 7 часот наутро на железничкиот мост над улицата Сејфертова, во населбата Прага 3. Според информациите од службите за итни случаи, двата воза во моментот на несреќата се движеле со мала брзина.

Иако најголемиот дел од повредените поминале со полесни повреди, портпаролот на Прашката служба за итни случаи, Карел Кирс, потврдил дека неколку лица се во сериозна состојба и имаат повреди опасни по живот. Сите повредени биле пренесени во болниците во Прага.

На местото на несреќата била испратена голема екипа на итните служби. Интервенирале десет возила на брзата помош, четири медицински екипи и специјално возило наменето за евакуација.

Пожарникарите прогласиле второ ниво на подготвеност, а нивен приоритет бил да ги прегледаат сите патници и да ја утврдат состојбата на секој од нив, со цел повредените да бидат класифицирани според сериозноста на повредите.

Портпаролот на противпожарната бригада во Прага, Мирослав Резач, изјавил дека судирот бил „недеструктивен“, и покрај тоа што имало поголем број повредени лица.

Полицијата и истражителите се на терен и работат на утврдување на причините што довеле до судирот. Засега нема официјални информации за тоа како дошло до несреќата.

Целосен прекин на железничкиот сообраќај на повеќе линии

Поради несреќата, железничкиот сообраќај меѓу Централната станица во Прага и станиците Прага-Височани и Прага-Либењ е целосно прекинат. Проблеми и доцнења се регистрирани и на линијата што води кон станицата Прага-Холешовице, соопштија Чешките железници (ЧД).

Дел од возовите сообраќаат со изменет распоред, односно започнуваат или ги завршуваат своите патувања на станиците Либењ и Височани. Одредени меѓуградски линии, пак, се пренасочуваат кон други железнички станици во чешката престолнина.

Според проценките на Чешките железници, прекинот во сообраќајот би можел да трае и до 11 часа.

ВИДЕО

Најнови вести