Во Велес е пријавен случај на злоупотреба на фотографии со помош на вештачка интелигенција, откако 36-годишна жена пријавила дека непознато лице објавило генерирани фотографии со недолична содржина на социјална мрежа.
Според информациите од СВР Велес, случајот бил пријавен на 29 септември 2026 година во 09:30 часот.
Како што навела велешанката, едно лице на социјална мрежа објавило фотографии генерирани со вештачка интелигенција, придружени со недолични зборови за неа. Дополнително, лицето испратило и порака со вулгарна содржина до нејзиниот сопруг.
Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.








