ПРВ.мк
Црна Хроника

Уапсена жена поради кражба во болница - МВР со детали

Уапсена жена поради кражба во болница - МВР со детали

Полицијата приведе 45-годишна жена од Богданци под сомнение дека украла мобилен телефон од вработена во ЈЗУ „Општа болница“ во Гевгелија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жената била лишена од слобода вчера попладне во Гевгелија, откако претходно истиот ден, околу 10 часот, наводно од просторија во болницата одзела мобилен телефон кој бил сопственост на една од вработените.

Во службен разговор, како што соопшти МВР, осомничената го признала делото, а мобилниот телефон бил пронајден и одземен. Тој ќе биде вратен на сопственичката.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.